Поп-ѕвездата Хари Стајлс во најновото издание на „Saturday Night Live“ се осврна на обвинувањата за т.н. „queerbaiting“ и тоа на начин што веднаш го крена студиото на нозе – со бакнеж со маж пред публика, во живо.Во монологот Стајлс со иронична дистанца зборуваше за периодот во кој дел од фановите, следејќи го неговиот сценски стил и јавен имиџ, го обвинуваат дека намерно остава нејаснотии околу сопствената сексуалност за да привлече внимание. Тој, пак, ја сврте целата тема во комедија – потсетувајќи дека никој не може да знае „сè“ за него само од она што го гледа однадвор.Кулминацијата дојде во скеч поврзан со неговиот нов албум, при што на сцената му се придружи комичарот и актер Бен Маршал. По кратка размена на реплики, Стајлс му пријде и го бакна Маршал, а потоа целата сцена ја „запечати“ со поента на сопствена сметка – дека токму тоа, во рамки на шегата, е „queerbaiting“.Во истата епизода беше споменато и дека Стајлс неодамна го објави својот четврти соло-албум „Kiss All the Time. Disco, Occasionally.“, а во изјава за медиуми зборуваше за поголема отвореност и подготвеност да им каже „да“ на нови искуства – пристап што, барем на сцената на „SNL“, го претвори во централна порака и во главна шега на вечерта.
