Не ширете паника, вирусот е многу ослабнат, вели „експертот“ Светлана Ражнатовиќ-Цеца, во обраќањето на „Инстаграм“ до фнаовите.
Таа заедно со синот Вељко беа дијагностицирани со ковид-19 пред неколку дена, а бидејќи телефонот не престанал да ѝ ѕвони од загрижени пријатели, решила преку видеообраќање да каже дека е добро.
Меѓу другото вели дека државата не би дозволила групирање и собири доколку вирусот не бил под контрола.
Од друга страна, во Србија се закажани избори за 21 јуни, поради што следуваа и доста олабавувања на мерките.
https://www.instagram.com/p/CBVjX-6DYNE/?utm_source=ig_embed