Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Вирално

(Видео) Инфлуенсерка шокирана од цените на црногорското приморје: „Такво нешто нема ниту на Сејшелите“

Медиасет.мк
пред 2 месеци
cAnk9lLaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTTJZN01EQV8vYTAwYzk0NDIzNWY4ZGE3MDFhNTgyMDU3ZTExNWYyM2MuanBnkZMCzQLkAIGhMAE

Холандската инфлуенсерка Кејт, која патува низ Европа со својата препознатлива розова Веспа, неодамна ја посетила Црна Гора.

На својот профил на Инстаграм редовно објавува содржини од своите патувања, претставува туристички атракции и ги споделува впечатоците од местата што ги посетува, а често се осврнува и на цените во популарните летувалишта.

За време на посетата на црногорското приморје, таа го посетила Свети Стефан, како и две ексклузивни плажи – Милочер, односно Краличина плажа, и плажата во близина на Свети Стефан.

На двете локации, за чадор и две лежалки потребно е да се издвојат дури 200 евра.

Во објавата таа навела дека Краличина плажа била целосно празна, додека на плажата покрај Свети Стефан претходно имало посетители, но во моментот кога пристигнала речиси и да немало луѓе.

На крајот од денот, инфлуенсерката се упатила на друга плажа, каде што изнајмувањето чадор и лежалка го платила 30 евра.

Особено ѝ привлекла внимание големата разлика меѓу исклучително високите цени на луксузните плажи и фактот што тие речиси биле празни.

„Такви цени немам видено ниту на Сејшелите ниту на Фиџи“, напишала таа во објавата на Инстаграм.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

218652-680x450-horoscope-wheel-signs

Два хороскопски знака наскоро би можеле да откријат дека партнерот ги лажел

Вирално | пред 14 часа

media-library7bak91evtn166Ju1NOp

Клои Кардашијан откри каков маж сака покрај себе

Вирално | пред 15 часа

media-library1ugcqto1r4godP3wzKs

Овие украсни саксии можат да им наштетат на собните растенија

Вирално | пред 15 часа

media-library0rqpq08n53hn7A46d7t

Во Кина наместо познати личности на билбордите ги поставуваат научниците за да им бидат пример на децата

Вирално | пред 23 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања