Колубиската актерка и ѕвезда на „Модерно семејство“, Софија Вергара, на друштвените мрежи го покажа одмилениот дел во луксузниот дом.
Додека се снимаше во шарен комбинизон и високи потпетици кои се нејзината модна слабост, многумина се загледаа во позадината.
Актерката во просторијата има големо огледало, но и кристален лустер кој на целата соба ѝ додава доза гламур. Покрај огледалото на полиците можат да се видат уредно сложените дизајнерски чевли од Кристијан Лобутен од кои поседува цела колекција.
https://www.instagram.com/p/B_2xjlqlypP/