Медиасет.мк

#ЏЕТ-СЕТ

ВИДЕО: Кенгур скока низ празните улици на градот Аделаида во Австралија

Најнаселениот град во Јужна Австралија, Аделаида, е толку тивок и пуст од ограничувањата поради коронавирусот, што кенгури почнаа да скокаат низ неговиот центар.

Поточно, кенгур беше снимен како вчера минува низ речиси целосно испразнетиот град во Јужна Австралија. Со оглед на тоа што на повеќето жители им се советува да останат дома, крајбрежниот град Аделаида, со повеќе од 1,2 милиони луѓе, стана многу попривлечен за овие диви животни.

„Надзорните камери снимиле како кенгур скока низ празните улици на градот во неделата наутро, а подоцна тој се упатил кон природниот резерват“, изјавил портпаролот на полицијата во Јужна Австралија за Си-ен-ен.

https://www.facebook.com/7NEWSAdelaide/videos/294482568223365/

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На почеток
error: