Кинеска компанија специјализирана за производство на сигурносно стакло ги искористи снимките од нередите во Париз за необична промоција на своите производи.
На видеото се гледа стакло чиј надворешен слој е скршен, додека внатрешниот останал целосно неоштетен. Со ова компанијата „Хенгсинфенг“ ја истакнува издржливоста на своето сигурносно стакло.
Необичната реклама привлече внимание и поради тоа што била емитувана и на кинеската државна телевизија.