Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс (39) беше пречекан со овации во Кливленд, каде го следеше натпреварот помеѓу Кавс и Бостон.
На една од паузите на видео бимот се редеа снимки од Леброн од времето кога го носеше дресот на Кавалирс, во првиот и вториот мандат.
Тоа беше емотивен момент за сите во салата.
Фановите не ги забораваат годините поминати со Џејмс.
Севкупно, Џејмс одигра 11 сезони за Кливленд.
Навивачите го критикуваа кога почна да игра за Мајами, имаше и палење на дресовите тогаш, свирежи кога дојде во Охајо со Хит, но тоа е одамна.
Леброн се уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата, тоа би можело да биде Кливленд, за крај на неговата величествена кариера.