Медиасет.мк

Медиасет

(Видео) Лејди Гага во страсна прегратка на францускиот премиер, откри нешто за што се шпекулираше долго време

Поп-ѕвездата Лејди Гага беше во друштво на францускиот премиер Габриел Атал, најмладиот француски премиер досега и првиот отворено геј маж на оваа позиција, а за време на топла и страсна прегратка му открила тајна што ја чувала за долго време.

Лејди Гага ги отвори годинешните Олимписки игри во Париз, а после тоа од трибините следеше неколку натпревари во друштво на Габриел Атал, актуелниот премиер на Франција.

Атал на својот Инстаграм објави видео на кое се гледа како се гушка и разговара со Гага, а фановите забележаа дека Гага откри нешто за што се шпекулираше долго време.

„Ова е мојот вереник Мајкл“, му рекла Гага на францускиот премиер додека го запознала со Мајкл Полански, нејзиниот долгогодишен партнер со кој е свршена. Веста дека Гага има нов вереник со месеци кружи на интернет, но Гага ја потврди дури сега, во разговор со политичар.

Истата вечер таа го напушти Париз и одлета назад во Америка, а пред да замине од хотелот им пушти неколку секунди на своите фанови од новите песни од нејзиниот претстоен албум, кој го најави пред повеќе од еден месец.

На почеток
error: