Чарлс Гродин, американски актер чии комични улоги во филмови како „Полноќно трчање“ и „Бетовен“ измамуваа насмевки на лицата со децении, почина на 86-годишна возраст.
Гродин почина во својот дом во Вилтон во сојузната држава Конектикат во вторникот, објави весникот „Њујорк тајмс“.
Синот на актерот, Николас, изјави за весникот дека причина за смртта е рак на коскена срж.
Познат по својата духовитост, Гродин беше омилен лик во холивудските комедии, емисии и ток-шоуа во ударни термини.
Многу негови колеги се огласија на социјалните мрежи за да му оддадат почит, меѓу кои и актерот Стив Мартин, кој го опиша Гродин како „еден од најсмешните луѓе што некогаш ги сретнал“.
