Медиасет.мк

Медиасет

(Видео) Мората го покани Алкараз да дојде на забавата: Шпанците закажаа голем пречек

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ќе биде на прославата со шпанската фудбалска репрезентација по повод освојувањето на Европското првенство што ќе се одржи во Мадрид, пренесува шпански „Рекорд“.

Шпанските фудбалери го освоија Европското првенство во неделата победувајќи ја Англија со 2:1, додека Алкараз го освои трофејот на Вимблдон победувајќи го Новак Ѓоковиќ со 6:2, 6:2, 7:6(4).

Идејата за заедничка прослава во шпанската престолнина е на тенисерот и капитен на шпанската репрезентација Алваро Мората.

Шпанските фудбалери на аеродромот Мадрид-Барахас треба да пристигнат околу 14 часот и 10 минути.

После тоа, првиот дел од попладневните часови ќе биде посветен на институционални посети, а околу 18:30 часот ќе го посети кралот Фелипе Шести во палатата Зарзуела.

Оттаму тие ќе се преселат во палатата Монклоа, каде што ќе ги пречека премиерот на Шпанија, Педро Санчез, а дочекот е закажан за околу 19 часот и 30 минути.

На почеток
error: