Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Патувања

(Видео) Мршојадци слетуваат на лежалки и автомобили на Крит: Причината ги изненади туристите

Медиасет.мк
пред 2 месеци
media-library7a81hgkupgek64nm5RU

Необични средби меѓу мршојадци и луѓе во последните денови привлекуваат големо внимание на социјалните мрежи. Големите птици се снимени како слетуваат на автомобили, па дури и на лежалки на плажите, а една од сцените е забележана на популарната плажа Мармара на Крит.

На снимката се гледа мршојадец како слетува на плажа преполна со капачи. Присуството на луѓето очигледно не го вознемирило, па птицата се сместила на лежалка под чадор и ги раширила крилјата, на изненадување на туристите.

На друга снимка, пак, мршојадец мирно стои на хаубата на автомобил кој бавно се движи.

Иако ваквите сцени може да изгледаат необично, стручњаците објаснуваат дека однесувањето може да има едноставна причина. Летото е особено тежок период за младите мршојадци на Крит, поради високите температури и опасноста од дехидратација.

Кога птиците се исцрпени и ја губат силата, може да бараат место за одмор, а понекогаш да им се приближат и на луѓето во обид да најдат помош.

Затоа, мршојадец кој ќе се појави на плажа, автомобил или на друго необично место не мора да значи дека е агресивен или дека претставува опасност за туристите. Напротив, ваквото однесување може да биде знак дека птицата е исцрпена и дека има потреба од помош.

Снимките од Крит повторно го свртеа вниманието кон влијанието на екстремно високите летни температури врз дивиот свет и тешкотиите со кои се соочуваат животните во периоди на големи горештини.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1fknttti348h55GAXMJ

Божиќна магија низ Европа: Градови и плоштади што ќе блеснат во 2026 година

Патувања | пред 5 дена

media-librarytdufiimns1gh2IF4u6t

Сараево и Дубровник меѓу десетте најпосакувани европски градови за патување

Патувања | пред 5 дена

media-libraryd1ssf900d8r6dpQadFk

United Airlines забранува резервации на авионски билети преку ВИ-агенти

Патувања | пред 1 седмица

media-libraryflied4nfjmu68Ot24Gg

Оваа европска земја ќе ги пресметува казните за секој километар пречекорување на брзината

Патувања | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања