Деновиве во Македонија температурите се околу 7-8 степени и многу луѓе не сакаат ни да ѕирнат надвор поради тоа што е ладно. Но, тие десет степени изгледаат многу пријатни во споредба со -45, што во моментов е во Јакутск, најстудениот град во светот.
Просечната температура таму за јануари е -50°C, а најниската температура досега измерена во овој руски град е -71 степен (поточно во селото Ојмјакон, кое се смета за најстудено место на Земјата).
Јануари е најстудениот месец во Јакутск, а жителите на овој град преземаат дополнителни мерки на претпазливост за да се заштитат. Меѓутоа, воздухот е толку студен што ја оштетува и кожата, па затоа смрзнатите се во постојана опасност, пишува Index.hr.
Па, како луѓето воопшто го преживуваат овој студ? Имено, нивните домови се добро изолирани, опремени со специјални системи за греење, а облеката која штити од студот стана незаменлив дел од нивниот живот.
За да се заштитат од студот, жителите на Јакутск имаат не само една, туку честопати и три излезни врати од зградата, како и теписи на надворешните скали бидејќи улиците се замрзнати и лизгави.