Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK
Сцена

(ВИДЕО) „Не ми беше лесно да ја задржам сопругата“, искрено со Дејан Лилиќ

Медиасет.мк
пред 5 години
176826072_1843253215824027_8723651512762095364_n

Уште од почетокот на кариерата актерот Дејан Лилиќ важеше за миленик на женската публика. Но, кога пред 15 години ја запознал сопругата Љубица, која е психолог по професија, таа не знаела дека Дејан е познат глумец.

Вели, тоа му се допаднало, па во љубовнaта врска влегол растоварен од популарноста што ја носи неговата работа.

Лилиќ ретко зборува за приватниот живот. Но, овој пат во интервју за „Репортер“ бeше поинаку, па помалку зборуваваме за театарот, а повеќе за љубовта со Љубица и за нивните две ќерки, Маја и Ани, Објави Репортер.

„Ми беше тешко да ја освојам сопругата, но и да ја задржам. Јас и сега се трудам постојано да ја освојувам. Бракот донесе многу промени, одрекувања, но за ништо не жалам. Ако го имаш вистинскиот партнер, тогаш сето ова вреди. А кога се родија нашите ќерки, решив кариерата да ја ставам во втор план и да го послушам советот на некои постари родители: 'Немој да го изгубиш овој период со децата'“, ја почна својата приказна Лилиќ.

Ќерките Маја и Ани набргу ќе наполнат 5 и 7 години. Често заедно одат во Зоолошката, која им е омилено место за дружење. Тука, вели Лилиќ, им раскажува и за своето детство оти живеел во близина и за викендите поминати во луна-паркот. Вели дека дома не ги заморува со својата работа затоа што тогаш тој е татко и сопруг, а не актер.

„Тие се многу мали за да знаат што работам, па затоа им е чудно кога луѓе ќе ме застанат на улица за да се фотографираме. Еден ден ќе дознаат, но до тогаш ќе бидам само тато Дејан“, ни изјави тој.

По дипломирањето, тој кариерата ја почна во Драмски, а потоа беше и директор на МНТ. Последните години повеќе игра во филмови и синхронизира серии отколку што глуми во театар. И денес жали што поради улогата во претставата „Мајсторот и Маргарита“, одбил улога во руски филм.

За Лилиќ се врзани многу приказни: од оние за филмот „Дедо и внук“, преку времето кога беше директор во МНТ, до емоциите што не можеше да ги скрие за својата покојна колешка Билјана Беличанец. За сѐ ова ни откри во интревјуто, како и: која е Љубица, жената на неговиот живот, како ја побарал за сопруга и зошто морал да се смени за да ја задржи...

 

извор: Репортер

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya8qonsvsn1p17BICGqE

Мишо Ковач погребан покрај својот син Еди на Мирогој, последното збогување во семејниот круг

Сцена | пред 1 ден

media-librarym5hdhl05m9ec0CJUeFm

Турција бележи рекордна туристичка година: Приходите достигнаа 51,3 милијарди долари

Патувања | пред 1 ден

IMG_0960

Каде најмногу патуваат Европјаните? Овие пет градови се на врвот на листата

Патувања | пред 1 ден

media-library3i9m15jkmvghe1r82br

Гостите прво ги забележуваат: Три работи што веднаш треба да ги тргнете од кујната

Трендови | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања