Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Патувања

Каде најмногу патуваат Европјаните? Овие пет градови се на врвот на листата

Медиасет.мк
пред 59 минути
IMG_0960

Барселона, Мадрид, Париз, Палма де Мајорка и Лондон се петте дестинации со најмногу резервации меѓу европските патници во 2026 година, покажуваат податоците на онлајн туристичката агенција „eDreams ODIGEO“.

Според податоците на агенцијата, најголем раст на резервациите е забележан за неколку дестинации надвор од Европа. На прво место е Дурбан, со зголемување од 80 отсто, потоа Мелбурн со 57 отсто, Кејптаун со 55 отсто, Јоханесбург со 50 отсто и Сиднеј со 48 отсто, пренесува „Еуроњуз“.

Извештајот „Година во патувањата 2026“ ги опфаќа податоците за пребарувањата и резервациите на патници од Германија, Франција, Шпанија, Португалија, Италија, Велика Британија и САД.

На глобално ниво, најчесто пребарувани дестинации биле Париз, Лондон, Токио, Њујорк и Бангкок.

Кога станува збор за хотелските резервации, најпопуларни биле Барселона, Мадрид, Париз, Рим и Амстердам.

Раст на интересот е забележан и за Каљари, со 78 отсто, Даблин со 76 отсто и Тирана со 74 отсто.

Шпанските градови меѓу најпопуларните

Податоците покажуваат дека шпанските градови се особено популарни меѓу европските туристи.

Дури седум од десетте најрезервирани дестинации кај шпанските патници се наоѓале во нивната земја. Кај германските туристи, Палма де Мајорка и Барселона ги зазеле првите две места.

Французите најмногу резервирале патувања во Маракеш, пред Барселона и Лисабон, додека португалските туристи најчесто ги избирале Париз, Барселона и Мадрид. Италијанците, пак, најмногу резервирале патувања во Барселона, Тирана и Париз.

Кои дестинации се привлечни за 2027 година?

Извештајот укажува и на интересот за патувања во 2027 година. Токио, Лондон, Париз, Орландо и Канкун се меѓу дестинациите за кои туристите веќе покажуваат интерес, а истите градови и места се наоѓаат и меѓу најчестите пребарувања.

Извршната директорка на „eDreams ODIGEO“, Дана Дан, оценила дека интересот за патувања и понатаму е силен, а првичните показатели упатуваат на уште една успешна година во 2027 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3i9m15jkmvghe1r82br

Гостите прво ги забележуваат: Три работи што веднаш треба да ги тргнете од кујната

Трендови | пред 21 час

media-librarykqs8fqhnobbc5JQYKCO

„40 дена без тебе, а болката е сè подлабока“: Потресна порака од сопругата на Маријан Стојаноски по загубата на синот

Сцена | пред 1 ден

media-librarym8sv9sevhemp71kIeJt

Рајанер се повлекува од повеќе дестинации: Се укинуваат летови од Србија, Хрватска, БиХ и Црна Гора

Патувања | пред 2 дена

8079309

Последната желба на Мишо Ковач ќе му биде исполнета: Ќе биде погребан покрај синот Еди

Сцена | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања