Сликата на Винсент Ван Гог „Пролетна градина“ беше украдена е на 30 март од музејот Сингер Ларен во Холандија. На снимката од безбедносните камери се гледа како крадец ја разбива стаклената врата на музејот во текот на раните утрински часови, а потоа како истрчува носејќи ја скапоцената слика на Ван Гог.
Музејот „Singer Laren“ беше затворен кон крајот на март, како резултат на пандемијата на коронавирус, кога крадец провали врата и ја зеде сликата на познатиот уметник, пренесува ТВ порталот Фокс 13 во Мемфис.
https://youtu.be/mxGB28dyXLY
