Медиасет.мк

Медиасет

(Видео) Од ѕвезда на „Никелодеон“ до живот на улица: судбината на Тејлор Чејс го шокира Холивуд

Видео што деновиве се прошири на социјалните мрежи прикажува поранешен детски актер како живее како бездомник на улиците на Лос Анџелес, предизвикувајќи силни реакции во јавноста и меѓу неговите поранешни колеги.Станува збор за Тејлор Чејс, американски актер кој во младоста се прослави на каналот Никелодеон, најмногу по улогата на Мартин Кверли во популарниот ситком Ned’s Declassified School Survival Guide.На видеото, кое го снимила случајна минувачка, Чејс одговара на прашање дали некогаш глумел за „Дизни“, по што појаснува дека бил дел од „Никелодеон“ и дека имал улога во споменатата серија. Снимката брзо се прошири и предизвика бран емотивни реакции.Особено погодени беа неговите поранешни колеги од серијата, меѓу кои Даниел Кертис Ли, Девон Веркхајзер и Линдзи Шо.„Не можам многу да направам, но би сакала да разговарам со него, да му покажам љубов и да го погледнам во очи. Ми недостига Тајлор, толку многу го сакам Тајлор“, изјави Шо.По објавата, социјалните мрежи беа преплавени со коментари во кои корисниците изразуваат тага и загриженост, но и критика кон филмската индустрија. Дел од нив посочуваат дека Холивуд често остава длабоки последици врз младите актери, особено оние кои рано се соочуваат со слава и притисок.Покрај „Ned’s Declassified School Survival Guide“, Тејлор Чејс има улоги и во серијата Everybody Hates Chris, како и во филмот Good Time Max.Случајот повторно ја отвори дебатата за заштитата на детските актери и за тоа што се случува со нив откако ќе исчезнат од светлината на рефлекторите.

На почеток
error: