Медиасет.мк

#ТРЕНД

ВИДЕО: Џоковиќ се запозна со мајката на Дражен Петровиќ

Најдобриот српски тенисер, Новак Џоковиќ, вчера се запозна со Бисерка Петровиќ, мајката на легендарниот хрватски кошаркар Дражен Петровиќ. Таа со насолзени очи го изгушка Новак и му кажа дека едвај чекала да го запознае. На емотивната средба, таа му подари дрес од Дражен, со неговиот бројот 3, а Новак, пак ѝ даде рекет, кој отсега ќе стои во музејот на Дражен во Загреб.

Бисерка и Новак се сретнаа во Задар, пред почетокот на турнирот „Адрија Тур“ што викендов се игра во овој град. Првичниот план бил да се сретнат во Шибеник, но, бидејќи заради распоредот на турнирот тоа било невозможно, Бисерка дошла во Задар.

„Ова е многу емотивен момент за мене. Трогнат сум што дојдовте и ми направивте големо задоволство и чест. Што да се каже за Дражен, тој е икона на спортот во регионот и ја обележа не само кошарката, туку и спортот воопшто. Човек кој ги восхитуваше сите, цела Америка, остави длабок белег во срцата на сите луѓе овде и низ целиот свет. Имав можност да слушам неколку ваши интервјуа и најмногу ме погоди документарниот филм ‘Еднаш браќа’ во кој уште подобро ја запознав целата приказна и како сето тоа се случи. Чест ми е што стојам покрај вас. Никогаш не можев да стојам покрај Дражен, но чувствувам дека неговото присуство е тука со вас“, рече Ѓоковиќ на средбата.

Бисерка Петровиќ му рече дека одамна сакала и таа да го запознае него. Мајката на Дражен уште пред неколку месеци изјави дека Новак ја потсетува на нејзиниот син и дека препознава нешто од Дражен во српскиот тенисер.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На почеток
error: