Гвинејскиот пејач и музичар Мори Канте, планетарно познат по песната „Yeke yeke“ од 80-те години, почина во петокот на 70-годишна возраст во болницата во Конакрију.
Канте, познат и како „електричниот гриот“, ја популаризираше африканската и гвинејската музика низ целиот свет, а песната „Yeke yeke“ од 1987 година се продаде во повеќе од милион примероци и дојде на врвот на музичките листи во многу земји.
Канте во западна Африка бил дел од заедницата на патувачки поети, музичари и проповедници.
Пејачот боледувал од хронични болести и често одел на лечење во Франција, но пандемијата од коронавирусот тоа го спречила.
