Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Вирално

(Видео) Просидбата стана вирален хит поради незгодниот момент со фустанот, шегите не престануваат

Медиасет.мк
пред 3 седмици
media-libraryo0hes8n8kdu40vvaVHK

Романтичната просидба на 18-годишната Грејси Кило стана вирална на ТикТок, но покрај емотивниот момент, најголемо внимание привлече нејзиниот бел фустан, кој силниот ветер го надувал до необични размери.

Грејси ја објавила снимката на која нејзиниот 19-годишен партнер, Нејтан Смит, со кого е во врска нешто повеќе од две години, ја запросува покрај река. Кога тој клекнал, таа најпрвин помислила дека прави нешто со чевелот, но набргу сфатила што се случува и почнала да скока од радост.

Токму во тој момент дувнал силен ветер и го надувал широкиот бел фустан, претворајќи ја романтичната сцена во урнебесен момент. Снимката за помалку од една недела собрала 11 милиони прегледи и повеќе од 8.000 коментари.

Корисниците на социјалните мрежи се шегувале со необичниот изглед на фустанот, споредувајќи го со бел слез, облак и фенер. Други ѝ порачаа на Грејси дека ветерот за малку ќе ја однел.

По големиот интерес, девојката открила и дека сама го сошила фустанот. Таа сака да купува облека од продавници за половни предмети, да шие и да изработува различни предмети со свои раце.

Иако сè уште не го одредиле датумот на венчавката, Грејси веќе со нетрпение го очекува планирањето на големиот ден. Таа работи како дадилка, но сака во иднина да стане организаторка на венчавки.

„Едвај чекам да ја испланирам нашата венчавка, да ги избирам боите, цвеќињата и сè останато. Многу сум возбудена“, изјавила таа во следното видео.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhd13dsrfd9vka8jJa51

„GTA VI“ испиша историја: Првите рецензии ѝ донесоа неверојатна оценка 99

Вирално | пред 8 часа

media-libraryvj2ob995hdse8vGebbM

Алиша Кис и Џон Леџенд би можеле да му се придружат на Џеј Зи на Супербоул 2027

Вирално | пред 8 часа

media-libraryc24dlnotpi5r5lTqxuP

Кембриџ го прогласи зборот „човечки“ за збор на 2026 година

Вирално | пред 11 час

media-libraryctsjs6f4tcf01VcvX0B

Огромен интерес за електричниот Volkswagen ID. Polo: Речиси 60.000 резервации, чекањето достигнува 21 месец

Вирално | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања