Медиасет.мк

#ТРЕНД

(ВИДЕО) Првата сопруга на Трамп откри што мисли за Меланија

Ивана Трамп, првата сопруга на американскиот претседател Доналд Трамп, гостуваше во британското шоу „ Loose Women “ и зборуваше за нејзината врска со Трамп, но откри и што мисли за Меланија.

Таа призна дека често се слуша со нејзиниот поранешен сопруг, но не разговара со неговата нова сопруга Меланија.

“Разговарам директно со него. Зборуваме за нашите деца, понекогаш за економската состојба, но не дека му давам совет, само му кажувам што мислам. Не се мешам во неговиот приватен живот”, рече Ивана.

Таа не беше толку елоквентна за неговата сопруга. На прашањето дали се сретнала, таа кратко одговори: „Секако дека се сретнав“.Прашањето што следеше беше дали таа смета дека Меланија добро ја работи својата работа како прва дама.

“Не сум сигурна. Таа е многу тивка. Не оди на многу места. Оди таму каде што треба. Тивка е”, одговори таа со двоумење.

На почеток
error: