Марија Шерифовиќ, го препеа хитот на Тоше Проески и Антонија Шола, „Волим осмех твој“. Таа песната ја испеа заедно со неколку нејзини пријатели.
„Сакани мои знаете колку ги сакам настапите и концертите. Во моментов ми недостасуваат многу и се надевам дека ова лудило наскоро ќе помине па ќе можеме да се дружиме во живо“, напиша Марија.
Таа е во 28-дневен карантин во својот дом во Белград.