Деновиве беше невозможно да не се сретне видео на социјалните мрежи во кое лутата Љупка Стевиќ, српска фолкерка, искршила два џипа со камења пред зградата во која живее, додека соседите ја снимаат.
Со видеото во кое Љупка искршила два автомобила на српскиот полициски генерал Драгиша Симиќ започна огромна афера за која зборува целиот регион. По вандалскиот чин, Љупка била однесена во полиција, а во меѓувреме се дознало дека физички го нападнала Симиќ и го повредила.
Пејачката подоцна им изјави на новинарите дека ставила прислушкувач во неговиот автомобил и дека за два дена дознала дека тој ја изневерува, како што вели, со неколку малолетнички. Ситуацијата ескалирала во нејзиниот стан кога тој го негирал она што го слушнал, па таа започнала да го тепа и да крши сè пред себе.
Љупка им изјави на новинарите дека двајцата биле во врска десет години и дека со него планирала семејство и деца.
Драгиша Симиќ, оженет полициски генерал и татко на четири деца, брзо се појавил во медиумите и рече дека му било важно да нема насилство од негова страна и дека пејачката нема да биде тужена, а штетата на автомобилите ќе биде покриена со осигурувањето.
Синоќа Љупка Стевиќ гостуваше во телевизијата Пинк и раскажа што се случило.
„Тој налета на мојата шлаканица“, рече таа иронично и раскажа сè што се случило меѓу двете судбоносни ноќи.