Хрватската пејачка Северина која е во изолација во домот кај својот свекор Кеба и ужива заедно со нејзиниот сопруг во секојдневието во домот, на социјалните мрежи се пофали и со изненадувањето кое и го направиле за нејзиниот 48ми роденден.
Северина имаше можност да добие тамбураши под балконот како роденденска честитка, со кои според видеото кое таа го сподели со своите фанови одлично се забавувала.
„Благодарам за љубовта што ми ја испративте денес. Благодарам на моите пријатели за „zoom“ забавата, за тортата, за песната под мојот прозорец … Видео честитки на фановите, колегите и сите други драги луѓе … Мислам многу на вас. Ве сакам сите“, напиша Северина
https://www.instagram.com/p/B_QNQ_RBgSh/