Медиасет.мк

Медиасет

(Видео) Танцот на Мадона мета потсмев: „Ова е смешно, таа сепак има 67 години“

Мадона (67) повторно е во центарот на вниманието откако уживаше и настапи на фестивалот Кoачела, каде видеа од нејзиното танцување брзо се проширија на социјалните мрежи.И покрај годините, поп-иконата уште еднаш покажа дека има енергија, но нејзините движења овојпат предизвикаа бројни реакции и потсмев на интернет.Раскошна бунда и црни чизми беа дел од нејзиниот аутфит, барем она што се гледа на снимката, а Мадона не штедеше енергија и добро расположение. Бидејќи често е мета на негативни коментари поради изгледот и бројните пластични операции, Мадона и овојпат не успеа да ги избегне.Сега нејзините танцови движења беа во центарот на вниманието, а многумина се прашуваа зошто Мадона се однесува како да има 17 години…„Толку многу постигнала во индустријата, ова ѝ е непотребно“, „Секој има свое задоволство, нека прави што сака“, „Малку агресивен танц со оглед на тоа што има 67 години“, „Пати од тоа да биде во центар на внимание“, „Ова е многу смешно, не изгледа ни како да се забавува“, беа дел од коментарите на социјалните мрежи.

На почеток
error: