Медиасет.мк

Медиасет

(Видео) Тикток-тепачка од Влае стана вирален хит: насилството прераснува во забава?

Тепачка помеѓу два лика кои креираат видеа за „Тикток“ е една од најпопуларните содржини во Македонија. Снимката е направена во скопско Влае, каде извесени Лара и Кт си упатуваат навреди, па продожува со физичка пресметка. Снимката за еден ден има над 10 илјади лајкови.

@l.kostovska♬ original sound – Lara 💋
@l.kostovska♬ original sound – Lara 💋
@l.kostovska♬ original sound – Lara 💋

Дали е сатирична содржина или реална кавга – знаат само авторите. Снимката е толку популарна, што доби десетици „римејк“ верзии.

Објавувањето на содржини каде се гледа насилство во Македонија често станува вирално. Па така, изминативе денови сведочевме на случај каде девојче било нападнато, снимката станала вирална на „Тикток“, а тоа се плашело да каже на родителите, за да нападот не се повтори. Родителот ја видел снимката онлајн по што пријавил во полиција.

„Тикток“ и другите социјални мрежи, имаат свои механизми за заштита од ширење на вакви случаи.

На почеток
error: