Преработката на Bella Ciao од Александар и Дац стана хит низ целиот регион.
Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, на Фејсбук објави видео како се вози во автомобил и ја слуша „Корона чао“.
„Само со заеднички труд, дух и дисциплина ќе се избориме со корона вирусот. Им благодарам на сите бугарски државјани кои ги следат правилата. Само така ќе се вратиме на нормалните животи. Им благодарам исто така и на Дац и Александар. Северна Македонија секогаш може да смета на нашата поддршка“, стои во описот на видеото.
https://www.facebook.com/boyko.borissov.7/videos/2740540286174024/
