Уште едно видео од изборната кампања на српскиот претседател Александар Вучиќ стана хит на социјалните мрежи.
Ова е само едно од низата на промотивни видеа, кое го насмеа Балканот.
Пораката на видео-спотот е: „Викенд во Грција? Да, возможно е!“
„За четири часа сме таму, ќе патуваме по автопат“, вели актерот во спотот, а актерката која глуми негова сопруга држи слика од Александар Вучиќ и на грчки вели „сагапо“, во превод „те сакам“.
Видеото не може да се прераскаже со зборови, треба да се погледне: