Фестивалот на виното-ВИНОСКОП, чија примарна цел е подигнување на винската култура, по 14-ти пат ќе се одржи во Скопје од 31.10-02.11 на плоштадот „Јадран“ во центарот на градот.
Најавено е учество на преку 30 винарии и вкусни деликатеси, а дополнето со богата музичка програма. Нека ова биде уште една есен за паметење и возбуда за сите сетила со убаво македонско вино и најдоброто од македонската музика, велат организаторите.
