Медиасет.мк logo
Промени тема
Трендови

Влада: Методологијата за спроведување на пописот на населението, домаќинствата и становите 2021 е согласно стандардите на Обединетите Нации и Евростат

Медиасет.мк
пред 5 години
popis-696x522

Врз основа на Законот за Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, а со цел единствена примена на методолошките основи при попишувањето, директорот на Државниот завод за статистика ја објави Методологијата за подготовка, организирање и спроведување на пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година.

Методологијата има за цел обезбедување единствени принципи за организирање на попишувањето и единствена примена на методолошките основи при попишувањето и е наменета за сите учесници во пописот утврдени со Законот за попис, но и за сите корисници на резултатите од пописот.

Таа ги содржи сите потребни методолошкo-организациски и технички објаснувања, со цел да се обезбеди единствена примена на новиот комбиниран методолошки пристап и новата технологија за спроведување на пописот.

Комбинираниот пописен метод, кој се воведува за успешно спроведување на пописот е сложен методолошки и технолошки пристап. Обезбедува повеќе можности, базирајќи се на комбинација на податоци добиени на терен преку индивидуално попишување и со користење на податоци од претпописната статистичка база на податоци добиени од постоечки регистри поврзани со користење на Единствениот матичен број на граѓанинот.

Дополнително, за првпат теренско попишување ќе се спроведува со користење на преносни компјутери од попишувачите, поврзани на посебно развиена веб-апликација поставена на cloud (облак), наместо хартиени прашалници.

На овој начин се намалува потребното време за прибирање на податоците, се намалуваат трошоците за пописната операцијата, потребно е помалку време за обработка на податоците, конечните податоци од пописот ќе се добијат побрзо и ќе се обезбеди многу повисоко ниво на квалитет на податоци од пописот.

Единиците кои ќе бидат опфатени со Пописот се: лицата, домаќинствата и становите, односно живеалиштата.

Според Државниот завод за статистика, Пописот ќе обезбеди податоци за три категории на население и тоа:

- Вкупно резидентно население;

- Вкупно нерезидентно население;

- Вкупно попишано население, категорија која ги опфаќа претходните две категории население.

Комбинираниот метод применува претпописна база на расположливи, односно сублимат на бази и податоци од Министерството за внатрешни работи, Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за образование и наука, Агенцијата за вработување, Министерството за труд и социјална политика, Фонд за пензиско и инвалидско осигурување, Управата за јавни приходи, Управа за водење матични книги, Катастар на недвижнини и расположливите податоци во Државниот завод за статистика од редовните статистички истражувања во поглед на образование, витална статистика, бизнис регистер и друго. Дополнително проверка ќе се прави со базите на Фондот за здравствено осигурување.

Пописот, ќе го врши еден или најмногу двајца попишувачи, со најстрого почитување на здравствените протоколи од Министерството за здравство, врз основа на препораките од Комисијата за заразни болести.

Пописот, како најзначајна статистичка операција, е дефиниран според правната рамка и согласно стандардите на Обединетите нации и Евростат, како и друга меѓународна и домашна регулатива.

Попишувањето на населението, домаќинствата и становите како сериозна операција ќе даде базична основа за подготвување на квалитетни политики за општествен и економски развој на државата, кои се од интерес за сите граѓани и затоа е потребно сите да се вклучат во пописот 2021 година.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeq1v78t1jusd6yea3wF

Чивавите во својата ДНК кријат траги од којоти, открива ново истражување

Трендови | пред 3 дена

media-libraryo52v1lt0isk84UUVJXL

Неделен хороскоп од 14 до 20 септември: Лавовите привлекуваат внимание, Скорпиите конечно добиваат одговор

Трендови | пред 5 дена

media-libraryjlm2k9n752rr8DXTVzI

Што се случува со телото ако јадеме јогурт секој ден?

Трендови | пред 5 дена

media-librarygmmni58ahu569B2b2rM

Доли Партон ги надмина политичките поделби и по смртта – Нешвил подготвува голема почест

Трендови | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања