#ТРЕНД
Војводата и војвотката од Кембриџ слават 10-годишнина од брак
Во 11,30 часот наутро на 29 април 2011 година, Кетрин Мидлтон, облечена во креација на Александар Меквин, тргна по ходникот на опатијата Вестминстер фатена под раката на својот горд татко Мајкл Мидлтон да се омажи со принцот Вилијам. Нејзината сестра, Пипа Мидлтон, беше деверуша.
Денес, кога кралскиот пар слави 10 години брак, беа споделени фотографии од блескавиот настан.
10 години по кралската венчавка, фотографот Крис Џексон исто така сподели свои омилени фотографии од парот од изминатата деценија, меѓу кои и тие со кралски бебиња, турнеи во странство и семејни прослави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.