Медиасет.мк logo
Промени тема
Трендови

Заев: Не ми паѓа на памет да дадам оставка, ниту да барам оставка од најекспонираниот министер Филипче

Медиасет.мк
пред 5 години
Zaev-Filipce

Не ми паѓа на памет да дадам оставка, ниту да барам оставка од најекспонираниот министер во моментот, министерот за здравство Венко Филипче, изјави денеска премиерот Зоран Заев и најави дека чекаат месецов да стигнат уште вакцини.

Заев очекува во текот на овој месец во земјава да стигнат околу 300 илјади вакцини од различни производители и процесот на масона вакцинација да тече непречено.

-Очекуваме во текот на април да пристигнат повеќе од 300 илјади вакцини. Очекуваме да стигнат првите вакцини од од 651-та илјада од Европската унија наменети за Западен Балкан, од кои за нашата земја се 100 илјади. Се надевам дека следните денови или следната седмица ќе стигнат 20 – 25 илјади од нив, бидејќи неколку пати напоменуваме дека не зависи тоа од нас туку и од испорачателот, рече Заев.

Тој вели дека се очекува да пристигне и првата пратка од вакцините од Фајзер, со кој,  државата има договор за 800 илјади вакцини, како и втората пратка преку Ковакс механизмот која исто така треба да пристигне во тек на овој месец. Според Заев, се очекува да стигнат и 200 илјади кинески вакцини планирани за овој месец, како и значителна количина од Спутник В, за кои има договор за 200 илјади дози.

Како што истакна премиерот, недостигот на вакцини предизикува проблем и во Германија, Америка, Кина Русија и секаде во светот, и поради тоа не може да се бара одговорност за недостиг на вакцини во земјава.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryd16tjdjdjnkse6FddNx

(Видео) Аца Лукас доживеал сообраќајна несреќа пред настапот во Битола, концертот ќе се одржи утре

Сцена | пред 13 часа

media-library46r8nellpetv7A8rAkI

Делумно затемнување на Месечината во Риби: Четири знаци оставаат нешто старо зад себе

Трендови | пред 2 дена

media-library1lst7gvjp1ig8RgZfA2

Хекланите балетанки се новиот моден хит за крајот на летото

Трендови | пред 4 дена

Pojadok

Огладнувате многу пред ручекот? Проверете дали појадокот ги содржи овие три работи

Трендови | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања