Медиасет.мк logo
Промени тема
Трендови

Заев по средбата со Села и Гаши: Верувам дека постигнавме договор, ова ќе го ставиме на хартија па потоа ќе ги соопштиме деталите

Медиасет.мк
пред 5 години
16042021_PVRSM_Zaev_sredba_Alijanca_za_Albancite_i_Alternativa-1

Премиерот Зоран Заев и претседателите на опозициските албански политички партии Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши на средбата во Собрание постигнаа договор околу проблемот со државјанството. Но, тие велат деталите ќе се соопштат откако ќе се стави на хартија предлогот со точни правни формулации.

-Завршивме и денеска со состанокот, верувам дека постигнавме договор. Ова што го договоривме ќе го ставиме на хартија, бидејќи има и правни формулации, за потоа да можеме и да ги соопштиме и самите детали. Веруваме дека има договор, тоа е вистинската формуалција, затоа што ќе ја видиме кога ќе ја ставиме на хартија. Решение се постигна, и не навлегувам во деталите. Има наративно усно решение, целта е да го ставиме на хартија, а денови се во прашање, само да се стави на хартија“, изјави премиерот Зоран Заев.

И лидерот на партијата Алијансата за Албанците, Зијадин Села, веднаш по средбата со премиерот  потврди дека се на добар пат да стават крај на проблемот со државјанството. Според Села, договорот предвидува сите граѓани кои се родени и живеат над 30 години во Република Северна Македонија да можат да добијат државјанство.

На средбата присуствуваа и министерот и заменик-министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и Назим Буши, пратеничката Илире Дути од Алијанса за Албанците, како и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Аријанит Хоџа, кој е од редовите на БЕСА.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryd1qbr9vf7nv10IUF8hO

„Борбата против стареењето е опасен тренд“: Професор предупредува на производите за долговечност

Трендови | пред 2 седмици

media-libraryeq1v78t1jusd6yea3wF

Чивавите во својата ДНК кријат траги од којоти, открива ново истражување

Трендови | пред 3 седмици

media-libraryo52v1lt0isk84UUVJXL

Неделен хороскоп од 14 до 20 септември: Лавовите привлекуваат внимание, Скорпиите конечно добиваат одговор

Трендови | пред 3 седмици

media-libraryjlm2k9n752rr8DXTVzI

Што се случува со телото ако јадеме јогурт секој ден?

Трендови | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања