Медиасет.мк

Медиасет

Замина д-р Марк Слоун: Ерик Дејн почина на 53 години

Американскиот актер Ерик Дејн, најпознат по улогите во сериите Вовед во анатомија и Еуфорија, почина на 53-годишна возраст, неполна година откако му беше дијагностицирана амиотрофична латерална склероза (АЛС), пренесува BBC.Според соопштението, Дејн ги поминал последните денови опкружен со семејството и блиските пријатели. Тој во април 2025 година јавно откри дека му е дијагностицирана АЛС – ретко невродегенеративно заболување кое ги зафаќа моторните неврони во мозокот и ’рбетниот мозок и постепено доведува до губење на контролата врз мускулите.Во интервју во јуни 2025 година, актерот зборуваше за првите симптоми, истакнувајќи дека најпрво почувствувал слабост во десната рака. По повеќемесечни лекарски прегледи и консултации со специјалисти, ја добил конечната дијагноза. До средината на 2025 година, тој изгубил значаен дел од функцијата на десната страна од телото.Дејн ја започна својата кариера во 1990-тите со гостински улоги во повеќе телевизиски серии. Во 2006 година се приклучи на актерската екипа на „Вовед во анатомија“ како д-р Марк Слоун, лик што го толкуваше до деветтата сезона. Подоцна имаше кратко појавување и во 17. сезона.По заминувањето од серијата, глумеше во „Последниот брод“, а во 2019 година ја презеде улогата на Кал Џејкобс во серијата „Еуфорија“ на HBO, во која се појави во првите две сезони и се врати на снимање во 2025 година за третата сезона.Покрај телевизиската работа, настапуваше и во филмови како „X-Men: The Last Stand“, „Marley & Me“ и други проекти. Во декември минатата година беше најавено дека подготвува мемоари за животот со АЛС, планирани за објавување во 2026 година.Дејн беше во брак со актерката Ребека Гејхарт, со која има две ќерки. Иако двојката поднесе барање за развод во 2018 година, постапката беше повлечена во 2025 година.Семејството побара приватност во периодот на жалост. Детали за комеморација или јавна почит сè уште не се објавени.

На почеток
error: