„Збогум Зочко, беше прекрасен човек, полн со емпатија, полн со љубов и желба за живот. Ќе фалиш Зоки. Сега ти е сигурно подобро. Патувај низ бескрајот“ – естрадата, пријателите и долгогодишните соработници со многу емоции се простуваат од Зоки Фаци, кој почина утрово по долга борба со ракот.
Како што објави на социјалните мрежи неговиот пријател и соработник, Стефан Лазаров, погребот ќе биде в недела во 12:00 часот во црквата Св.Никола во Катланово, а во 13:00 часот ќе биде погребан на гробиштата во Катланово.
