В сабота, 26 септември, со почеток во 11 часот под отворено небо, на паркингот на спортскиот центар „Борис Трајковски“, „Златно славејче“ ќе слави јубилеј. Ќе бидат изведени најголемите хитови од сите претходни изданија на овој фестивал, помеѓу кои: Еј, гулаби, бели”, ,,Дувна ветре развигорче”, ,,Ми подари птицата песна”, ,,Кајче”, „Ех, тој Тоше”, ,,Мојата учителка”, ,,Никола, Никола”, „Сакам кола убава“ итн.
Овој пат во поинакво издание, поради пандемијата, ќе мора да се испочитуваат сите мерки и протоколи.
Првото издание на „Златно славејче“ се одржало на 23 мај 1971 година во организација на Сојузот за грижи и воспитување на децата на град Скопје. Ова е првиот фестивал на детски забавни песни од македонски автори на македонски јазик.