Од 28 март 2026 година почнаа со работа AI камерите на 8 точки и 10 автобуси во Атина, а до крајот на годината ќе почнат и во Солун и на Крит, со дополнителни 2000 камери.Ова повеќе не е систем кој може да се избегне. Контролата сега е автоматизирана.AI камерите веќе ги испратија и првите 150 казни – директно до прекршителите. Без чекање, преку дигитален систем – автоматски на телефон.На пример: ако поминете на црвено светло во Атина, камерата ја бележи регистарската табличка, прекршокот се обработува автоматски и казната се испраќа преку дигиталниот систем во рекорден рок на вашиот телефон или е-пошта.Она што е изненадувачко е дека за само еден месец тестирање, во јануари, се забележани 40.000 сериозни прекршоци. Само една камера (на булеварот Месогеон) забележала 28.000 поминувања на црвено светло!Што новата AI камера препознава и бележи:табличка на возилотомаркамоделбоја на возилотоДо летото се очекува поставување на нови 1000 AI камери. За сега се поставуваат во Атина, но планот е до крајот на годината да се покријат и Солун и Крит.
