Тимоти Шаламе (Timothée Chalamet) има само 24 години, а може да се пофали со сјајна кариера и неколку одлични филмови кои веќе добиваат култен статус, како кај публиката, така и кај критичарите.
Во 2018 година беше номиниран за Оскар за најдобра машка главна улога во филмот Call Me By Your Name и ова е филмот со кој дефинитивно треба да започнете со цел подобро да го запознаете овој млад, надежен и талентиран актер.
А кои се следните 9 филмови со Тимоти во главната (и споредна) улога со кои треба да продолжите?
Call Me by Your Name
Вистинска љубовна, летна бајка. Елио е млад, збунет тинејџер кој започнува да покажува симпатии кон постариот Оливер, кој работи како привремен асистент на неговиот татко.
Beautiful Boy
Николас Шеф е тинејџер кому работите очигледно му одат од рака, тој има одлични оценки, талентиран актер, уметник, спортист и уредник на школскиот весник.
Но, кога Николас ќе стане зависник од дрога, неговиот татко прави сè што е во негова моќ за да го спаси животот на синот и фамилијата.
Miss Stevens
Професорка во средно училиште која има скршено срце, предводи група на ученици кои ги носи на државен натпревар во глума.
Lady Bird
И покрај неговата споредна улога, дефинитивно треба да го изгледате Lady Bird.
Серша Ронан се соочува со проблемите кои ги носи тинејџерството и созревањето во текот на 2002 година како 17-годишна девојка која живее во Сакраменто, Калифорнија.
Little Women
Во најновата адаптација на романот на Луиза М. Алкот „Мали жени“, Шаламе го глуми богатиот наследник Теодор „Теди“ Лоренс, кој е инволвиран во животите на четирите ќерки од семејството Марч.