Медиасет.мк

#КИНО

Зошто Фиби и Џои никогаш не станаа пар во „Пријатели“?

„Пријатели“ беше и остана серија која ја обожаваме. Уживавме со ликовите и нивните авантури, врски и анегдоти.

И покрај тоа што поминаа 15 години од последната епизода, серијата е актуелна и сè уште не ја губи својата популарност.

Можеби сте помислиле дека ги знаевте сите детали од снимањето, но, сепак, неодамна добивме одговор на едно прашање. Конечно е откриено зошто Фиби и Џои никогаш не станаа пар во серијата.

Доколку ги изгледавте сите сезони на „Пријатели“, знаете дека некои пријателства прераснаа во љубов – Рејчел и Рос дури добија ќерка, додека Моника и Чендлер се венчаа.

Од друга страна, преостанатите главни ликови, Фиби и Џои, никогаш не станаа пар, а за ова има и објаснување од ко-авторот Дејвид Крејн.

Голем број обожаватели на серијата се надеваа и очекуваа дека Фиби и Џои ќе го следат примерот на другите парови и дека ќе завршат заедно. Сепак во текот на 10 сезони и 236 епизоди, нивната желба не се исполни.

Дејвид Крејн смета дека таквото сценарио би било премногу предвидливо. Тој додава дека таквиот пристап би бил погрешен и дека е среќен што авторите не го направиле тоа.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: