Медиасет.мк

#ХАЈТЕК

Нова функција на Тиндер

Доколку користите Тиндер, новата функција дефинитивно ќе ве израдува.
Станува збор за видео повици, а функцијата во рамките на апликацијата ќе се вика „Face to Face“.

Првобитно во јули, оваа функција беше во тест фаза. Корисниците во неколку земји имаа можност да ја тестираат, но уште тогаш Тиндер најави дека ќе биде достапна за сите корисници.

Секако, приватноста ќе биде заштитена, па така апликацијата ќе бара ваша дозвола пред да биде започнат видео повикот, а може е малце чудно што другата личност нема да знае дека сте активирале видео повик, додека самата тоа не го направи.

Секако, во текот на виде- разговорот мора да се почитуваат правилата на Тиндер- без голотија, сексуални содржини, говор на омраза и слично. Екранот ќе биде поделен на два дела, па вашето лице ќе се појави горе, а лицето на соговорникот долу, пренесе „Дејли Меил“.

Од Тиндер советуваат да се не брза со видео повиците. Според нив е подобро прво добро да се запознаат соговорниците пред да се прејде на ваква врста комуникација.

На почеток
error: