Срцето на жителка на градот Сијан, во кинеската провинција Шанкси, запрело да чука, но по три дена, лекарите успеале да ја вратат во живот.
Како што јавува „Глобал тајмс“, 23-годишната девојка често останувала будна до доцна во ноќта, па поради тоа имунолошкиот систем на телото ѝ бил ослабен. Во средината на јули, таа настинала, што довело до миокардит, по што доживеала кардиоген шок.
Кога срцето на пациентката запрело да чука, лекарите итно прешле кон алтернативен метод за внесување кислород во крвта – екстракорпорална мембранска оксигенација, за да го обезбедат дишењето и без работата на срцето. По три дена вагање на животот и смртта, чукањето на срцето на младата Кинезинка се вратило.
За целото тоа време, додека не зависела од своето срце, девојката била свесна и разговарала со луѓето околу себе. Таа била во изненадувачки добро расположение и постојано зборувала за ова нејзино неверојатно доживување.