Американскиот глумец Хејген Милс (29) се самоуби во својот дом во Мекфлид, откако претходно пукаше во неговата девојка Ерика Прајс, со која има дете.
Според извештајот на полицијата, во вторникот вечер тие добиле повик за пукање, а пред домот на актерот ги дочекала Ерика која имала рана на рацете и градите. Таа на полицијата ѝ рекла дека Хејген прво пукал во неа, па во себе.
Актерот починал на лице место. Прајс веднаш била пренесена во болница и оперирана и сега е во стабилна состојба.
Според „Дедјалн“, Хејген во куќата ги затворил мајката на Ерика и нивната ќерката, а кога таа влегла во куќата, тој пукал во неа, а потоа оружјето го свртел кон себе.
Милс е познат по улогата во серијата Basketѕ, како и во комедијата Swedish Dicks.