Медиасет.мк

#ФОКУС

ОXО Продукција им се закани со тужби на твитерџиите со име од ликовите од „Преспав“

Изминатиов период на социјалните медиуми се појавија лажни профили од ликовите на ТВ серијата Преспав, информираат од ОХО продукција.

„ОXО Продукција, како единствен носител на авторскте права на Преспав, се оградува и ги осудува овие злоупотреби и ги презема сите правни дејства со цел да ги спречи ваквите злоупотреби и да го заштити своето авторство врз серијата.

ОХО Продукција изрично забранува неовластено користење на сите содржини кои ги претставуваат, произлегуваат или на било каков начин се поврзани со ликовите, дејствијата, имињата и другите авторски содржини на ТВ серијата ПРЕСПАВ“, се вели во соопштението.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: