#ЏЕТ-СЕТ
Професии кои доведуваат до развод
Магазинот „Police and criminal psychology“ објави статија која е напишана од страна на неколку психолози.
Во оваа статија психолозите ги објавиле резултатите од неодамнешните истражувања направени со цел да се утврдат кои се најчестите професии кои се причина за прекин на бракот.
Тие испитувале 499 различни занимања, за на крајот да ја објават топ 10 листата со професии кои носат до развод:
1. Кореографи и танчери
2. Бармени
3. Масери
4. Психијатри и медицински сестри
5. Забавувачи и спортисти
6. Портири
7. Телефонски оператори
8. Конобари
9. Домари и слугинки
10. Готвачи
Интересно е што овој магазин известува дека ортопедите, стоматолозите, офталмолозите имаат најнизок процент на разводи.