Пит-бул кој пред неколку дена го продаваа за борење по цена од 100 евра, со помош на активистите од „Шепасти ентизијасти“ си го најде својот дом кој го изгубил пред една година, кога бил украден од дом. Кучето беше огласено на социјалните мрежи, со објаснување „може да се види во секое време“. За да му го спасат животот, активистите од здружението решиле да платат 100 евра за да му го спасат животот, со цел, да не заврши во погрешни раце.
И покрај тоа што пит-булите во јавноста се перцепираат како „опасни“ кучиња, младата Бамби мирно си влегла во автомобилот на активистите од здружението, како да знаела дека се ослободува од минатиот живот, каде во импровизирани рингови, незаконски, се организираат борби со кучиња и на сметка на тоа се вртат илјадници евра на кладби.
Сопствениците на кучето биле најдени бидејќи било чипирано. Се вика Бамби, а сопствениците дошле да го земат веднаш чим им се јавиле дека нивното куче е живо. Бамби од попладнево веќе е во својот вистински дом.
„Перцепцијата дека пит-булите се агресивни е толку е погрешна, тие дури се сметат и за „чувари кучиња на децата”, односно таа раса во светот е позната и како “nanny dog”. Ниту едно куче не е агресивно, агресивни стануваат бидејќи така ги учат“, велат од здружението.
Видете ја реакцијата на пит-булот кога по година дена се сретнал со својата сопственичка.