#ТРЕНД
500 родители против една наставничка: Причината е бизарна
Шерон Барнс, директорка и наставничка во канадското средно училиште е под притисок од родителите на учениците кои откриле на Фејсбук дека го слуша бендот Ајрон Мејден, поради што тие бараат таа да добие отказ, пишува Индипендент.
Незадоволните родители побараа смена на директорката бидејќи, според нив, таа отворено изразува симпатии кон сатанските симболи и окултните практики.
“Отвореното прикажување на сатанистички симболи е во директна спротивност на принципите на огромното мнозинство семејства што го претставуваат училиштето. И затоа бараме Шерон Барнс да биде сменета и на нејзино место да дојде друг директор, кој ќе ги претставува семејните вредности во училиштето “, стои во петицијата потпишана од 553 лица.
Меѓутоа, неколкумина ученици одлучија да застанат на страната на наставничката. Нинвата петиција досега ја потпишаа повеќе од 22.000 луѓе. Наведоа дека не одобруваат осуда на директорката поради нејзините објави на социјалните мрежи но и дека надлежните не смеат да го занемарат фактот дека Шерон Бернс врши одлична работа во училиштето.