Медиасет.мк

#ЖИВОТ

8-годишно момче го исмевале поради името, па Том Хенкс му испрати подарок

Американскиoт глумец Том Хенкс, кој заедно со сопругата беа заболени од COVID-19 и се излекуваа, стапи во контакт со дете од Австралија кое е возмнемирувано поради своето име, кое верувале или, е Корона.

Имено, откако 8-годишниот Корона де Врис му пишал дека неговите врсници го исмеваат, актерот му врати со писмо и подарок и тоа машина за пишување од марката Corona.

– Чув дека вие и Вашата сопруга сте заразени со коронавирусот… Добро ли сте?, му напишало момчето на Хенкс, при тоа додавајќи дека е многу тажен и гневен кога го малтретираат поради неговото име.

– Драг пријателе Корона, твоето писмо многу нѐ израдува жена ми и мене! Ти благодариме, што си толку добар пријател – пријателите прават другите да се чувстуваат добро, кога самите ним им треба помош, одговорил актерот.

Потоа Хенкс истакнува дека машината за пишување ќе му послужи на момчето за тие двајца да си ја продолжат преписката.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: