Медиасет.мк

#ФОКУС

8 илјади џамбо-џет авиони ќе бидат потребни за испорака на Ковид-19 вакцина во светот

Испораката на вакцина против коронавирус ширум светот ќе биде најголем предизвик за транспорт досега, според авиоиндустријата.

Како што покажуваат проценките, ќе бидат потребни 8 илјади Боинг 747 авиони, соопшти Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА).

Вакцина против Ковид-19 се упте нема, но ИАТА веќе работи со авиокомпаниите, аеродромите, глобалните здравствени тела и фирмите за лекови на глобален план за возушно подигнување на вакцините.

Програмата за дистрибуција предвидува една доза за еден човек.

„ Безбедното доставување вакцини за Ковид-19 ќе биде мисијата на векот за глобалната индустрија за воздушен транспорт. Но, тоа нема да се случи без внимателно планирање одпаред. И времето за тоа е сега“ изјави извршниот директор на ИАТА, Александар де Џунијак.

Не сите авиони се погодни за доставување вакцини, бидејќи им е потребен типичен температурен опсег помеѓу 2 и 8 степени Целзиусови за транспорт на лекови. За некои вакцини може да бидат потребни замрзнати температури кои би исклучиле повеќе авиони.

„ Добро ги знаеме процедурите. Она што треба да направиме е да ја прилагодиме магнитудата што ќе биде потребна”, додаде Глин Хјуз, шеф на товар на ова индустриското тело.

Летовите кон одредени делови на светот, вклучително и некои области на Југоисточна Азија, ќе бидат критични бидејќи немаат можности за производство на вакцини, додаде тој.

Дистрибуцијата на вакцина низ Африка би била „невозможна“ во моментов, со оглед на недостатокот на капацитет за товар, големината на регионот и сложеноста на граничните премини.

За превозот ќе биде потребна „скоро воена прецизност“ и ќе бидат потребни студени објекти низ мрежата на локации каде ќе се чува вакцината.

Околу 140 вакцини се во ран развој, а околу дваесетина сега се тестираат на луѓе во клинички студии.

На почеток
error: