Медиасет.мк

#ТРЕНД

(ВИДЕО) Ја излажал жена си за да се венча со друга, му дошла на свадба со децата

Абрахам Мујунда и рекол на жена си дека оди на службено патување, а тој всушност отишол на сопствената свадба.

Да не биле соседите кои и открија на неговата прва сопруга дека Абрахам отишол во црква за да се ожени со друга жена, која знае како би завршила оваа приказна.

Така, неговата сопруга Каролин Мубита влетала во црквата, земајќи ги со себе нивните три деца и ја прекинала церемонијата викајќи дека младоженецот е нејзиниот сопруг.

Некој од присутните го снимил сето тоа, а снимките се појавија на Интернет.

Бидејќи бигамијата е незаконска во Замбија, каде сето тоа се случило, уапсен е несуденот младоженец, а порталот Замбијан Обсервер наведува дека му се заканува затворска казна од седум години.

Тие наведуваат дека неговата несудена втора сопруга знаела дека Абрахам е веќе оженет.

На почеток
error: