Медиасет.мк

#ТРЕНД

Џон Бон Џови отвори два ресторани за сиромашни, храната е целосно бесплатна!

Џон Бон Џови, пејачот од американскиот рок бенд Бон Џови, отвори два ресторани во кои што ќе се служи храна за сиромашни.

Еден од проектите на организацијата е отворањето на „JBJ Soul Kitchen“ (кујна на душата), во која сиромашните можат да јадат бесплатно.

Инаку, во 2011-та година беше отворен првиот ресторан во Њу Џерси.

На менито нема цени, па сите се добредојдени. Луѓето можат и да донираат пари (доколку сакаат), за да им помогнат на најзагрозените. Во ресторанот работат волонтери.

Во наведените ресторани досега биле послужени околу 100.000 оброци, а на оние на кои што им е најпотребен топол оброк имаат предност.

На менито се подготвуваат и оброци од домашно одгледани состојки.

Трендинг

На почеток
error: