Францускиот пливач Аксел Рејмон во машка и Ошан Касањол во женска конкуренција победија на годинашниот Охридски маратон.
Рејмон ја исплива патеката долга 25 километри за 5:10.31 часа, второто место го освои Италијанецот Едоардо Стокино со време од 5:10.32 часа. На третото место заврши македонскиот маратонец Евгениј Поп Ацев со време од 5:10.34 часа.
Медалите и пехарот на победниците на 34. Охридски пливачки маратон ги додели претседателот Стево Пендаровски, кој е покровител на трката.
На Охрискиот мартон на 25 километри долгата патека „Климе Савин” се натпреваруваа 19 пливачи, 12 во машка и 7 во женска конкуренција.